Химната нема да се менува по ниту еден основ, ниту ќе има било какви интервенции во текстот. Ова го изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски одговарајќи на новинарско прашање во врска со Договорот од Преспа.
Во однос на уставните амандмани, тој изјави дека АСНОМ останува во преамбулата и наместо еднаш ќе биде спомнат два пати. Со тоа останува и прогласот на АСНОМ со сите одлуки кои се донесени и содржани со прогласот.
Во измените на амандманот 35, со членот 3 ќе се дадат гаранции дека границите на Република Македонија се трајни и непроменливи.
Со ова, вели Бошњаковски, сите аспекти кои содржеле можни форми на несоодветно соседско однесување со овие измени ќе бидат целосно елиминирани.