Во своето прво интервју за странски медиум по почетокот на антивладините протести во Софија, бугарскиот премиер Бојко Борисов за весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг ја лоцира причината за ветото за Македонија.
“Коментирајќи зошто Бугарија става вето на отворањето на разговорите со ЕУ за Македонија, Борисов рече дека виновни се „бугарските комунисти“ и „сталинистичка Москва“, бидејќи тие се обидоа Бугарите да ги претворат во Македонци насилно по Втората светска војна, вели во најавата на интервјуто новинарот Михаел Мартенс кој 2,5 часа разговарал со Борисов.
Во интервјуто Борисов зборува и за позицијата на неговата земја во ЕУ.
-Европскиот парламент неодамна ја обвини Бугарија за злоупотреба на европските фондови и „систематско“ одбивње да ги почитува основачките договори на Европската унија. Премиерот Борисов го отфрли ова како пропаганда на неговите непријатели во Европа, пишува Мартенс за интервјуто со наслов” Политичар, пиштол и злато” која ќе биде објавена во неделното печатено издание на весникот.