Имаме многу јасен став, важен за Балканот, за регионот и за односите во светот, односно на Албанија и Северна Македонија да им биде дадена перспектива за влез во ЕУ. Во спротивно, тоа ќе биде историска грешка, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по пристигнувањето на заседанието на Европскиот совет во Брисел.
-Имаме многу барања кон нив, но не би си дозволиле да ги спречиме да започнат преговори. Тоа ќе биде тежок удар за народите во тие држави, додаде тој.
Борисов забележува дека различни политички семејства си враќаат едно на друго.
-Тоа е мое мислење. Со сите нивни недостатоци, тие заслужуваат перспектива. Ако не им дозволиме, потоа нема зошто да им се лутиме ако има џихадисти или влијание од Русија или Кина. Ако ние не ги сакаме, друг ќе го стори тоа. Северна Македонија според бројот на население е колку Софија и какофв ризик може да има од неа, изјави Борисов.