Бојан Јовановски ги откри имињата припадниците на власта коишто го поддржувале во проектот за изградба на Европски центар за возрасни лица.
Јовановски тврди дека тоа бил одржлив проект што го препознале и бизнисмените кои доброволно сакале да учествуваат во изградбата. Боки изјави дека нема земено ниту денар од буџетот на државата и оти е горд на тоа.
Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски – изјави Јовановски.
Ттој уште еднаш побара да се вештачи неговиот мобилен телефон за да се види со кого се имал средби и контакти.