Македонија 03. декември 2019. / 11:05

Боки 13 задоцни на првото рочиште за „Рекет“ затоа што бил кај затворскиот лекар

Боки 13 задоцни на првото рочиште за „Рекет“ затоа што бил кај затворскиот лекар

Првообвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13, пристигна во судот со задоцнување. Тој беше донесен од притвор, а причина за доцнењето е тоа што пред неговото спроведување, Боки 13 бил на преглед кај затворскиот лекар.

Претходно, во судот на првото рочиште од судењето, пристигнаа второ и трето обвинетите, Зоран Милевски – Кичеец и Катица Јанева. Сите тројца обвинети имаат по двајца адвокати во судницата кои ќе ги застапуваат за случајот „Рекет“.

Судскиот процес го следат бројни новинарски екипи, како и претставници од американската амбасада, ОБСЕ, Коалицијата сите за правично судење и Зелена лупа.