Градоналачникот Саша Богдановиќ изјави дека му е жал, поради тоа што во коментар го нарече Димитров „идиот“, во врска со објавата на Фејсбук на Димитров да се бојкотира доделувањето на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке, пишува Слободен печат.
Богадановиќ и покрај извинувањето, сепак порача дека според него политиката и уметноста не треба да се мешаат.
Не треба да правиме дополнителни конфликти, ова е едно општество за сите. Тоа значи дека покрај другите треба да се земат во предвид и националните чувства на Србите, народот на кој јас припаѓам – рече Богдановиќ.