Македонија 20. септември 2018. / 12:07

Богданов-член на ИК на ВМРО ДПМНЕ повикува масовно да се гласа на референдумот

Богданов-член на ИК на ВМРО ДПМНЕ повикува масовно да се гласа на референдумот

,Јас уште на состанокот на Извршниот Комитет го изложив својот став  дека партијата треба да ги повика членовите масовно да излезат на референдум и да гласаат согласно своето убедување за или против Договорот. Јас лично ќе излезам да гласам“-изјави во интервју за Фактор.мк, Костадин Богданов, член на ИК на опозициската ВМРО ДПМНЕ.

,, Треба да се има предвид историската важност на овој референдум, кој несомнено отвора една нова перспектива за сите нас кои живееме тука. Остануваат уште десетина дена. Пораките од нашите пријатели и сестрински партии ги чувме. Ги слушнавме и аргументите против договорот. За жал, сѐ уште никој не успева да понуди сериозна и реална алтернатива на самиот Договор, ниту пак успева да понуди соодветна алтернатива на членството во ЕУ и НАТО. Доколку остане така и во наредниот период, едноставно ќе нема друга опција освен да се подржи договорот со сите концесии направени од македонска страна, пред се заради огромниот влог кој го носи со себе, а тоа е отворање на портите кон ЕУ и НАТО како државна стратегија прифатена од огромен број на македонски граѓани“- изјави Богданов.