• Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Скопје
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
петок, 6 јуни 2025
Македонија 14. декември 2018. / 18:19

Бискупот Киро Стојанов: Папата доаѓа во Скопје, верувам ќе донесе духовна обнова на нашето општество

Бискупот Киро Стојанов: Папата доаѓа во Скопје, верувам ќе донесе духовна обнова на нашето општество

По повод веста за доаѓањето на Неговата Светост Папата Франциск во посета на Република Македонија, бискупот Киро Стојанов изрази голема радост и благодарност и ги повика сите верници католици и луѓе со добра волја во Република Македонија, како и од соседството, на молитва и духовна подготовка.

-Драги верници и почитувани граѓани на Република Македонија

Како бискуп, верник и граѓанин на оваа Земја – Република Македонија, веста за доаѓањето на Светиот Отец Папа Франциск во посета на нашата Земја ја примив со голема радост и благодарност кон Господа Бога, а верувам дека и граѓаните на Македонија и пред сѐ верниците католици ја примија со големо воодушевување. Сметам дека Светиот Отец Папа ја препозна потребата на Црквата и народ во Република Македонија за нивно охрабрување.

Папа Франциск од самиот почеток ја искажуваше и покажуваше својата близина и разбирање кон нас, примајќи ја секоја година во Аудиенција и Државната делгација во чест на чествувањето на Св. Кирил во Рим.

Верувам дека неговото доаѓање во главниот град на Државата и родниот град на св. Мајка Тереза – Скопје има посебна симболика, а исто така верувам дека и неговите пораки кои ќе бидат упатени за време на неговата посета ќе бидат делотворен поттик за многу потребната духовна и друга обнова на ова наше Општество и дека ќе ни помогне да го сфатиме и прифатиме фактот како сме сите, и како луѓе и како верници, одговорни за градење мир и среќна иднина меѓу сите верници, граѓани и народи во оваа наша мила Татковина – Македонија.

Затоа ги повикувам сите верници католици и луѓе со добра волја во Република Македонија, како и од соседството, на молитва и духовна подготовка за оваа драгоцена посета на Светиот Отец папа Франциск, првенецот на апостослкиот збор и неспорен морален авторитет на денешницата.

Логото за посетата на папата Франциск на Македонија содржи три главни елементи:

Првиот елемент е развиореното македонско знаме сместено во границите на Република Македонија. Земја која ја посетува Светиот Отец.

Вториот елемент е стилизираниот лик на папата Франциск, опточен со сини линии што симболизира дека Папата доаѓа во земјата на света Мајка Тереза. Ликот на папата Фрањо е претставен во полупрофил со десната рака ја благословува Македонија, со сите нејзини особености, а во левата рака го држи епископското жезло, што ја симболизира неговата пастирска посета на Македонија. Папата е во бело и во комбинација со жолтата боја од зраците на македонското знаме ги отсликува боите на ватиканското знаме.

Во долниот дел се бранови во сина боја, кои укажуваат на секојдневните предизивици, истакнувајќи го наследството кое света Мајка Тереза го остава на Македонија, градот Скопје и овие простори.

Мотото за посетата е земено од Евангелието според Лука 12,32 „Не бој се, мало стадо!

  • топ
  • македонија
  • посета
  • папа франциско
  • лого

Поврзани вести

Македонија @ 15.03.2021

Путерот што го фати Николовски денеска ќе биде стопен на Дрисла

Македонија @ 15.03.2021

Најмногу попишани граѓани од Швајцарија, Германија и од Италија, слаба заинтересираност во Австралија и Канада

Македонија @ 15.03.2021

Муцунски: Аматеризмот на власта е причината за лошото справување со Ковид-19

Најнови вести

06.06.2025
  • 18:08

    Христијан Мицкоски со последен поздрав до проф. д-р Бранко Василевски

  • 17:57

    Навални: Затворен сум во концентрационен логор

  • 17:49

    (ВИДЕО) Момче на Тик Ток се снима како урнинира врз македонското знаме

  • 17:34

    СЗО: Ги анализираме извештаите поврзани со Астра Зенека, засега нема докази

  • 17:06

    Италијанската полиција запленува вакцини на Астра Зенека

Најнови вести

пред 4 години

Христијан Мицкоски со последен поздрав до проф. д-р Бранко Василевски

пред 4 години

Навални: Затворен сум во концентрационен логор

пред 4 години

(ВИДЕО) Момче на Тик Ток се снима како урнинира врз македонското знаме

пред 4 години

СЗО: Ги анализираме извештаите поврзани со Астра Зенека, засега нема докази

пред 4 години

Италијанската полиција запленува вакцини на Астра Зенека

пред 4 години

Две лица се обиделе да обљубат девојка во Крушево

пред 4 години

Додека биле на теренот им ги ограбиле домовите, членовите од семејствата им ги држеле како заложници

пред 4 години

Почина проф. д-р Бранко Василевски

пред 4 години

Кривична пријава против 74-годишна жителка на Радожда за нелегална изградба на викендица

Македонија

Регионот масовно имунизира, македонските власти не откриваат кога ќе пристигне првата поголема пратка вакцини

Истекува првиот квартал од годината, а македонските власти се уште не го откриваат датумот за тоа кога ќе пристигне првата поголема пратка на вакцини за почеток на имунизацијата на населението. –...

Македонија

Путерот што го фати Николовски денеска ќе биде стопен на Дрисла

Македонија

Најмногу попишани граѓани од Швајцарија, Германија и од Италија, слаба заинтересираност во Австралија и Канада

Македонија

Муцунски: Аматеризмот на власта е причината за лошото справување со Ковид-19

Македонија

Алијансата задолжена за Ковакс не кажува дали Македонија ги исполнува условите за да добие вакцини

Колумни

Љупчо Златев

Завршува времето на етничките партии во Македонија – ќе стануваат идеолошки!

Предраг Димитровски

Вампири во Бугарија!

Љупчо Златев

Патријархот Вартоломеј ќе ја бетонира нашата државност – нормално, со помош на САД!

Љупчо Златев

Пропаганда во билдерски ракавици

Предраг Димитровски

Кутрото мало „Татарче“

  • Импресум

© Copyright 2025 Лидер