Денеска е вториот ден од деветотто издание на „Самит Македонија 2025“ кое се одржува во дигитална форма. Денот започна со интерактивна дискусија под наслов „Светот во време на криза”.
Во моментов, во фармацевтската индустрија генерално има две клучни работи односно дилеми поврзани со откривањето вакцина против Ковид-19, а тоа се безбедноста и ефикасноста. Колкава би била безбедноста и ефикасноста доколку се земе предвид краткото време за развој, од една година.
– Драго ми е што ќе зборувам на оваа тема. Токму тоа е основното прашање, како ќе развиеме вакцина за толку кратко време, ако земеме предвид дека за тоа реално се потребни три до четири години. Беа инвестирани билиони евра за најкратката можна процедура, а тоа го олесни целокупниот процес. Секако, безбедноста е најважна. Кога станува збор за ефикасноста, новите вакцини се многу добри, но мора да се внимава на безбедноста. Новите вакцини се составени од РНК И ДНК молекули, значи само од генетски материјал. Може да се каже дека на некој начин поради тоа се поефикасни и побезбедни. Сепак, мора да сме внимателни, истакна професорот Борут Штрукељ.
Во своето излагање тој исто така ја објасни разликата меѓу типовите на вакцини и направи споредба меѓу оние на „Модерна“, „Фајзер“, „Астра Зенека“, руската и кинеската вакцина.