Македонија 13. јуни 2019. / 17:43

БЕСА: Заев одржи го ветувањето, распиши предвремени парламентарни избори

БЕСА: Заев одржи го ветувањето, распиши предвремени парламентарни избори

За жал, и денес од Берлин не ја добивме посакуваната вест за отпочнување на преговори за членство во Европска Унија, стои во соопштенито на БЕСА.

Верувајќи во европската демократија и европските вредности, очекуваме дека земјите членки ќе успеат да изнајдат заеднички јазик за интегрирање на Македонија во европското семејство како од највитален интерес за граѓаните на нашата држава Македонија треба да добие датум за преговори не заради неуспехот на владата да ги аплицира очекуваните реформи, но заради убедувањето и определбата на сите граѓани на Македонија, пишува во соопштението.

Од Беса додаваат дека бидејќи денес не успеа да се одржи ветувањето за отпочнување на преговорите овој месец, како и не се дадени гаранции дека датум може воопшто да се добие во текот на ова тековна година, дека го охрабруваат премиерот да го одржи ветувањето и одма да распише предвремени парламентарни избори, после кои сигурно ќе дојде една политичка елита што ќе обезбеди сигурна европска иднина и интегрирање на Македонија во Европската Унија