Македонија 16. декември 2018. / 15:26

Беса бара извинување од Заев за изјавата за косовската војска

Беса бара извинување од Заев за изјавата за косовската војска

Изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека формирањето на војска на Косово е избрзано ги налути партиите на Албанците во Македонија.

Од Алијансата на Албанците на Зијадин Села му порача на Заев да го гледа својот двор и да ги спроведе потребните реформи во Македонија и да не се меша во внатрешната политика на државата на Косово, пренесува ЦивилМедиа.

Беса на Билал Касами  бара од премиерот на земјата да се дистанцира од оваа скандалозна изјава и да бара јавно извинување, кога се знае дека формирањето на војската на Косово ја има и силната поддршка од САД.

Неговата изјава го одразува вистинското лице на „мултиетничката“, Македонија, ги прави да се чувствуваат навредени и Албанците на оваа земја, кои му дадоа полн мандат за да владее, а не за да зборува глупости и национал-комунистички варваризми, се вели во реакцијата на партијата на Билал Касами.