Македонија 09. август 2018. / 21:49

Бејли: Македонија го порази ИСИС

Бејли: Македонија го порази ИСИС

Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, ја поздрави одлуката на Македонија да прифати седум борци на Исламската држава. МВР пред два дена ги приведе седумината макeдонски државјани, кои се осомничени дека учествувале во терористички организации.

„Македонија постави важен пример за сите членови на Глобалната коалиција да го поразат ИСИС“, вели Бејли, додавајќи дека останатите треба да го следат примерот.