Македонија 01. октомври 2018. / 11:26

Бејли го прогласи референдумот за успешен

Бејли го прогласи референдумот за успешен

Амбасадата на САД во Македонија, го прогласи вчерашниот референдум за успешен.

САД ги поздравуваат резултатите од референдумот во Македонија на 30-ти септември, на кој граѓаните изразија поддршка за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, соопшти синоќа Стејт департментот.

– САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот од Преспа, кој и овозможува на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ, и ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет. Во периодот што следи кога македонското Собрание ќе почне расправа за уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиската политика и да не ја испуштат историската можност да обезбедат светла иднина за земјата, како полноправна членка во западните институции, се наведува во соопштението од Стејт департментот, по одржувањето на референдумот во Македонија.