Премиерот Зоран после пишувањата на медиумите дека поднесува оставка рече дека „оставка не дава ни за ништо на светот“, дознава српски Б92 од извори блиски до Заев.
Бројните реакции за наводна оставка следуваа по денешната одлука на европските лидери да го одложат носењето на одлуката за почеток на пристапни преговори со Македонија до 31 октомври, но и претходната изјава на премиерот Заев дека недобивањето датум ќе доведе до паѓање на неговата владата.
На самитот на лидери на ЕУ во Брисел, Франција го блокираше доделувањето датум за пристапни преговори со Македонија и Албанија.
На прашањето на Танјуг дали е точна информацијата која ја пренесуваат медиумите, дека Заев поднел оставка, од македонската влада одговориле дека информацијата не е точна.
– Точната информација е дека Заев не поднесе оставка“, се наведува во краткиот одговор за Танјуг.