Македонија 07. септември 2019. / 17:16

(АУДИО СНИМКА) Анѓушев ја злоупотребувал функцијата за изборни цели: Ќе заврши ли на суд?

(АУДИО СНИМКА) Анѓушев ја злоупотребувал функцијата за изборни цели: Ќе заврши ли на суд?

Свиркачи до Економски Лидер доставија скандалозна снимка каде вицепремиерот Кочо Анѓушев ветува изградба на пат во Сливник, Велешко односно асфалтирање.

А за возрат бара да гласаат за претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. Притоа им порачува, ако пропаднат изборите и патот ќе биде под прашање, затоа излезете и гласајте за Стево. Кочо Анѓушев и Аце Коцевски прават кривично дело со тоа што го кршат член 162 од кривичниот законик и прават поткуп при избори и гласање.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски детално ја објаснува процедурата како институциите ќе постапуваа за изградба на патот се со цел да се постигне партиска цел – да излезат граѓаните на избори и да го поддржат нивниот кандидат Стево Пендаровски. Граѓаните бараат писмена гаранција, не им веруваат, па дури и се смеат со нивниот настап.