Македонија 27. мај 2019. / 14:15

Арсовски за метлата на Заев: Во партијата е лесно, потешкиот дел доаѓа внатре во Владата

Арсовски за метлата на Заев: Во партијата е лесно, потешкиот дел доаѓа внатре во Владата

Лесно е во партијата да се направи промена, потешкиот дел допрва доаѓа во Владата со коалициските партнери, смета аналитичарот Петар Аровски по синоќешните промени кои се случија во владејачката СДСМ, пишува Република.

На Централниот одбор на СДСМ синоќа беа разрешени шест потпретседатели, целиот Извршен одбор, генералниот секретар Александар Кирацовски, претседателката на Форумот на жени Цветанка Ласкова и уште неколку други фунционери.

-Ова покажува дека Зоран Заев е сериозен во својата намера за промените што сака да ги направи, барем во партијата. Во партијата е и најлесно, потешкиот дел допрва доаѓа во Владата со коалициските партнери. Но ако тој ја следи оваа стратегија треба да има посериозни промени и во Владата, вели Арсовски.