Со вчерашното апсење се покажа дека во Република Македонија владее криминално политичко милје и се докажа сето она, односно се потврди сето она кое што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период, одговори Димче Арсовски на новинарско прашање.
Арсовски кажа дека вчерашниот случај е потврда дека во Македонија има огромна корупција, но и потенцира дека траба да се бараат и нарачелите на тие огромни скандали.
Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, вчерашниот случај е доказ дека во Македонија владее сериозна корупција и рекетарство.
– Со вчерашното апсење се покажа дека во Република Македонија владее криминално политичко милје и се докажа сето она, односно се потврди сето она кое што го говореше ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период. Сето она што го видовме вчера е само потврда дека во Република Македонија има огромна корупција, има огромни скандали меѓутоа над овие луѓе треба да се бараат нарачателите. Ние имаме сериозен сомнеж дека нарачатели на сето ова се врвот на власта, односно врвот на СДСМ. Така да ова е уште една потврда дека во Република Македонија владее сериозна корупција, владее сериозно рекетарство, уцени и сето она што се случуваше во изминатиот период со СЈО се покажа дека било само инструмент за политички пазар. Било инструмент за уцени и личен интерес. И едноставно за уценување на сите оние луѓе кои што беа опфатени на оние снимки кои што беа во СЈО. – одговори Арсовски на новинарско прашање.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека СЈО нема кредибилитет уште од порано. Според него тоа обвинителство претставува инструмент на СДСМ и на власта за да може да уценува и да прави пазари или да изнудува корист од бизнисмени.
– Видете кредибилитетот на СЈО не и во моментов и претходно беше таков каков што беше односно никаков и на најниско ниво. ВМРО ДПМНЕ и сите останати независни експерти и аналитичари оценуваа и укажуваа дека Специјалното Јавно обвинителство е само еден инструмент на СДСМ и на власта да може да се вршат уцени и да се прави политички пазари со одредени политичари или да се изнудува одредена корист од одредени бизнисмени и јавни личности. Со она што се случи вчера тоа само се потврди дека интегритетот на СЈО и на Катица Јанева која што неспорно е дека отсекогаш била блиска со СДСМ и со Зоран Заев е никаков и тоа е она што наназад со години ги следи Специјалното Јавно Обвинителство бидејќи таму не владееше односно не се спроведуваше неселективна правда туку напротив се спроведуваше селективна правда и еве како што гледаме не само што се спроведуваше селективна правда, тоа било едно дувло каде што со сите оние снимки, со сите оние прислушкувани разговори кои што едноставно можеа да се купат на тезги на пазари кои што беа расфрлани од Зоран Заев, се покажа дека биле користени, за рекет, за уцени, за изнуда од одредени луѓе. Сето она кое што го работеше СЈО во моментов паѓа во вода. – одговори Арсовски.