Македонија 28. април 2020. / 18:00

Арсовски: СДСМ да се извини на јавноста што ширеше лаги за Мицкоски

Арсовски: СДСМ да се извини на јавноста што ширеше лаги за Мицкоски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денеска од пред седиштето на СДСМ упати три барања до партијата на влас во врска со информацијата за наводното посетување на фитнес центар од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски, во време на воведена вонредна состојба.

Брањата од ВМРО-ДПМНЕ следуваат откако министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, информираше дека по преземени протоколи за утврдување на случајот, се потврдило дека снимката е од пред повеќе од половина година, и дека се е согласно законот.

-Значи СДСМ фалсификаторска свесно ги лажела и манипулирала граѓаните. Вклучително и новиот портпарол за лаги и фаслификати во СДСМ, поранешната пратеничка Снежана Калеска Ванчева, порача Арсовски од пред седиштето на СДСМ.

Тој потенцираше дека многу едноставно можело да се воочи од каде произлегува, како што ја нарече, конструкција на лажна вест, имајќи во предвид кој бил најгласен околу нејзе. Арсовски нотираше три точки:

1. СДСМ фалсификаторска директно стои позади монструозното креирање на лажни вести кои имаат за цел да дискредитираат политички противници како во конкретниов случај – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски.

2. Бараме, бараме уште веднаш, јавно да се извинат од СДСМ фалсификаторска за ширењето на лажни вести и свесно замајување на јавноста.

3. Јавно прашуваме и бараме да се истражи до крај, кој го следи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и ја загрозува неговата безбедност, притоа да се најдат нарачателите на истото следење и нормално, бидејќи слободата на човекот е право загарантирано со Уставот на Република Македонија, бараме истите да одговараат пред институциите соодветно. Бараме кривична одговорност за сите инволвирани во оваа хајка и нарушување на безбедноста.

 -Како што лажат за ова, лажат за се друго. Затоа, денеска граѓаните видоа кој шири лажни вести, а тоа е штабот на фалсификаторската партија позади мене, партијата СДСМ фалсификаторска, потенцираше Арсовски.