Владата на Зоран Заев и СДСМ потфрли во ЕУ интегративниот процес.
Република Македонија од вчера, покрај здравствената ситуација, во која што се наоѓа во прилично сложена и сериозна ситуација е и на надворешен план, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, посочувајќи на прес конференција дека трета година по ред Зоран Заев, заедно со Никола Димитров ги лажат граѓаните дека добиваме датум за преговори и дека ги отпочнуваме преговорите.
-Оваа лага излезе на површина и за жал, штетата сега ја трпат сите граѓани и самата држава Република Македонија. Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шеќеринска де факто немаат капацитет да нудат повеќе европска иднина. Тонат во бездна, а со нив ја повлекоа и целата држава и целиот народ, вели Арсовски.
Тој додаде дека „шарлатанското однесување од типот на „домат дипломатија“ и „љубави, како си, те поздрави Зоки” излезе на виделина“ и конечно стигна поздравот до Зоран Заев и Владата за нивната несериозност, некапацитетност, некадарност, и негрижа кон државата и граѓаните, како и кон националните интереси.
Арсовски потсети што велеше Зоран Заев на 26.07.2017 година во однос на потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, и во однос на надворешните прашања.
-Во овие моменти, тешки моменти за државата и граѓаните, кога стигна одговорот од бугарската влада за шарлатанската дипломатија на Зоран Заев, не страдаат само Владата на СДСМ, ним им е гајле тие уживаат и ќе уживаат во милионите кои што ги испокрадоа, туку страдаат граѓаните, обичниот народ и самата држава. Поривот за лажење, манипулирање и давање лажни ветувања на Зоран Заев кој што го гледаме изминативе години ја донесе Република Македонија до ќорсокак и до момент кога се што ветувал не може да исполни и затоа му се случува ова сега, не му се случува него, туку за жал штетата ја трпат граѓаните и државата, рече Арсовски.
Од партијата јавно прашуваат, што стоело во тој постигнат договор помеѓу Македонија и Бугарија, односно Заев и премиерот на Бугарија, што содржел истиот договор за кој се согласиле Зоран Заев, Димитров, Османи и Пендаровски, целата влада, а не се согласила бугарската страна?
Обвинуваат дека Заев, Димитров и Шеќеринска, ги ставиле на тацна и на тезга за распродавање најсветите работи за Македонците, а тоа се идентитетот, историјата, нашите херои, нашите емотивни поврзаности со историски моменти и личности. А, со тоа трајно се нарушени, сите можни преговарачки позиции на Македонија во иднина.
-Изборот со Заев за жал е или асимилација или губење на време како што тој го претставува за ЕУ интеграција, или надвор од ЕУ и целосна блокада на преговорите. Оваа политика на Зоран Заев доживеа фијаско и е сосема извесно дека Заев нема ниту еден успех во надворешната дипломатија, тоа се виде. Удирањето во ѕид значи дека Заев мора да си даде оставка и сите политички субјекти да работат за формирање на Влада на национален спас. Оваа влада во овој формат е повеќе од било кога потребна во моментот, потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Зоран Заев и сите останати во Владата повеќе немаат капацитет да ја водат државата, потребно е да си дадат оставки и како што реков да се формира Влада по формат за национален спас.
Ова се моменти кога треба да се размислува рационално и трезвено, а не со капацитетот на размислување на Зоран Заев. Тоа се покажа како неуспешно.