Македонија 20. мај 2020. / 19:03

Арсовски: Цела недела молк за скандалот со канабис мафијата

Арсовски: Цела недела молк за скандалот со канабис мафијата

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, денеска пред Владата во изјава за медиумите уште еднаш праша зошто се молчи цела недела за доделените лиценци за фирмите Еко Енерџи Космос и Лајтинг Лукс, фирми каде менаџмент и сопствеништво се семејството на осуденикот за шверц Боро Стојчев од Ново Село и претседателот на СДСМ Ново Село, Тони Котев?

Дополнително, потсети Арсовски Дали е вистина дека Владата на фирмите им доделила лиценци уште пред 1 месец, а објавена е одлуката во Службениот весник неколку недели подоцна, што е директно прекршување на законите?

– Еве, јавно прашуваме да одговорат службите од Владата, дали конечно ќе се одважат ЈО, Антикорупциската Комисија и Уставниот суд да отворат случај за оваа спорна одлука на Владата каде што во време на пандемија и сериозна криза од корона заразата се делат лиценци за одгледување на марихуана на блиски луѓе до семејството Заеви, изјави Арсовски.

На СДСМ единствено им е важна иднината на канабис мафијата и да цвета бизнисот на сите блиски луѓе до кланот Заеви, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.