Македонија мора да се гради како демократска и правна држава, но тоа не може да се прави со луѓе кои се борат да се спасат од криминалот кој го сториле посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат. Тој истакна дека доколу СДСМ се залагала Македонија да стане правна држава и во неа да завладее правдата, 10-тина членови од партиското раководство веќе ќе беа во притвор.
Колега Костадинов да сакавте вие да воведете правна држава и конечно да завладее правдата, 10-тина луѓе од вашето раководство веќе ќе беа во притвор за случајот „Рекет“. Точно е треба да се изгради еден закон и Република Македонија да се гради демократски меѓутоа не може да се гради демократски со луѓе исплашени поради направен сопствен криминал и своите лични партиски интереси за сопствениот створен криминал кој што го гледаме изминативе неколку месеци преку случајот „Рекет“, но и преку други случаеви како што е Фондот за иновации, како што е прислушкувањето во Јавното обвинителство и многу други ги ставаат пред државните и интересите на граѓаните. Тука гледаме дека СДСМ го прави тоа и дека единствено што ви е важно е како да се амнестирате за криминалот што го правите во моментов, вели тој.
Арсовски потенцираше дека власта се обидува една Катица да замени со друга, која ќе продожи да врши притисоци врз политичари и бизнисмени. Ваквите намери се нечесни и според Арсовски истите се прочитани од граѓаните.
Мислам дека шизофрено и ќе ви се смеат бидејќи целата експертска јавност потврдува дека она што го предлагаме е на место и е во корист на државата и граѓаните. А она што вие сакате да го направите е да од една Катица Јанева која што рекетира под нормално ваша надлежност и со ваш амин да донесете нова Катица Јанева која што ќе продолжи и натаму да врши притисоци врз политичари и бизнисмени да рекетира. Тоа не се чесни намери и затоа граѓаните го препознаваат тоа, додаде Арсовски.