Досега како асистенција во примената на владините мерки за заштита од ширењето на коронавирусот во земјава ангажирани се 542 припадници на армијата, дознава Алсат.
Според информациите со кои располага Алсат, војската ќе обезбедува и неколку странски дипломатски претставништва во земјава почнувајќи од 19:00 часот.
Армијата е ставена во функција на внатрешната безбедност по прогласување на вонредната состојба на цела територија на државава, како помош за вработените во полицијата.
Војската ги контролира граничните премини, Владата, Парламентот и затворите.