Македонија 20. мај 2018. / 20:34

Арбер Адеми од ДУИ нов министер за образование, Рената Дескоска ќе управува со министерството за правда?

Арбер Адеми од ДУИ нов министер за образование, Рената Дескоска ќе управува со министерството за правда?

ДУИ го презема министерството за образование, а актелната министерка Рената Дескоска преминува во Министерството за правда.

ДУИ утре ќе го предложат сегашниот заменик-министер, Арбер Адеми, за министерското место во образование, а сегашната министерка за образование и наука, Рената Дескоска, преминува во Министерството за правда, објави новинската агенција Zhurnal.mk од неофицијални извори во партијата.

Истовремено веќе се пополнуваат и договорените министерски места за останатите партнери во власта.

ДПА веќе објави дека за министер без ресор задолжен за странски инвестиции ќе биде предложен Бардул Дауити додека за заменик-министер во Министерството за транспорт и врски Мусадик Беќири. А од друга страна Движењето Беса за министер за култура го предложи кандидатот за градоначалник на Гостивар, Асаф Адам, додека се уште ги нема објавено имињата на замениците-министри во Министерството за надворешни работи и Министерството за труд и социјална политика.