Владата вчера донесе за многумина мошне контраверзна одлука, да и додели на Општина Арачиново неповратна парична помош од 30 000 000 денари или 500.000 евра за справување со последиците од пандемијата.
Во јавноста се поставуваат низа прашања по кои критериуми е направена оваа распределба ако се знае дека помош не е доделена, на пример, на општина Гази Баба каде има 1.615 активни случаи, Аеродром 1.535, Кисела Вода 1.435, Карпош 1.370, Центар 1.232 случаи на корона.
Како што нашиот портал веќе објави, се појавија голем број на шпекулации во јавноста која оваа распределба на пари во Општина Арачиново ја поврзуваат со дрогата најдена пред неколку дена, според кои се тврди дека оваа помош претставува откуп на запленетата дрога.
Покрај скопските општини, како што јавува Алфа, бројките се алармантни и во другите градови: Тетово 998 активни случаи, Гостивар 883, Прилеп 920…но за овие општини пари за справување со последиците со вирусот не се дадени.
„Дали владата му плаќа репарација на Арачиново за полициската акција?“; „Ако општина Арачиново доби 500.000 евра со 10 заразени од ковид-19 општина Прилеп треба да добие 50 милиони евра“; „Јас мислам дека е пологично Арачиново да ја помогне Владата, не обратно. Па малце ли го толерира тој шверц со години.Треба Арачиново да каже фала“; „Еве можеби општина Арачиново ќе го изгради патот до скијачкиот центар Кжуф. Општините со години не го изградија, па тој оди во стечај“. Ова се само дел од коментарите на граѓаните, кои ги пренесе порталот Плусинфо.