Македонија 23. август 2019. / 16:52

Апасиев: Погребот на СЈО е погреб на СДСМ

Апасиев: Погребот на СЈО е погреб на СДСМ

Од креатор на Специјалното јавно обвинителство до негов погубувач – премиерот Зоран Заев кој пред 4 години беше силен поборник за формирањето на оваа институција, прв и сврте грб на Катица Јанева, пишува Алфа.

За професорот по право, Димитар Апасиеви и член на раководството на Левица, погребот на Специјалното јавно обвинителство ќе биде и крај за владејачката СДСМ. Апасиев е дециден – извршителите од случајот Рекет несомнено имале политичка поддршка, а аферата вели наскоро ќе предизвика длабока политичка криза и предвремени избори.

Прашање на време е кога ќе се открие кои се политичарите за кои веќе се шпекулира во чаршиските муабети. Особено алудирам на две женски особи кои се во врвот на владејачката партија и нивните риднини и пријатели. Погребот на СЈО ќе биде и погреб на владејачката партија бидејќи тоа е негов проект. ВМРО ДПМНЕ беше од старт против ова и нив им одговара да потоне СЈО. Сега ќе видиме дали Катица Јанева ќе пропее, условно кажано и дали ќе поведе и други со себе. Тек допрва почнува размотувањето на клопчето, вели универзитетскиот професор Димитар Апасиев.