Антикорупциска комисија отвори шест предмети по пријава на ВМРО ДПМНЕ.
Едниот е за Кочо Анѓушев за продажба на земјиште во Дреново за изградба на хидроцентрала на фирма каде тој е сопственик, а неговиот брат управител. Под истрага е и продажбата на земјиште во касарна во Струмица на лицето Сашо од страна тогашниот градоначалник Зоран Заев, пренесе Слободенпечат. Предмет се отвора и за Глобал.
Антикoрупциска ќе ги истражува и наводите за случајот „Едно евро за Вицето“ поврзан со Заев како и негова поврзаност со бугарски фирми.
Во последниот случај ќе се испитува поврзаноста на министерот Дамјан Манчевски со одредени грчки фирми.