По вториот ТВ дуел на лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реакциите во јавноста се дека Мицкоски бил многу поубедлив со јасно изразени ставови, за разлика од Заев, кој понудил несигурен настап со употреба и повторување на едни исти фрази.
Таквиот впечаток од дебатата го отсликуваат и неколкуте анкети направени на социјалните мрежи веднаш по лидерскиот дуел, кои јасно покажуваат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имал подобро претставување. Мицкоски добива одобрување и поддршка од дури 78% од испитаниците, за разлика од Заев, за кого 22% сметаат дека бил подобар на дуелот.
Предност за Мицкоски покажуваат и други анкети во кои освен опцијата да се избере дали Мицкоски или Заев биле подобри на дуелот, се понудени и можностите дека ниту еден не се претставил во добро светло, како и можноста дека е потребно да има проширена дебата со учество на лидерите на повеќе партии.
Ваквите резултати го потврдуваат впечатокот што граѓаните го имаа и по првиот ТВ дуел на двајцата политички лидери, кога по дебатата на ТВ 24, кога дури 88% од граѓаните му дадоа поддршка на настапот на Мицкоски.