Македонија 08. август 2018. / 16:21

Анкета на “Телма” и “МЦМС”: ВМРО – ДПМНЕ со раст на рејтингот

Анкета на “Телма” и “МЦМС”: ВМРО – ДПМНЕ со раст на рејтингот

Скок од 3.4 % има ВМРО- ДПМНЕ за само дваипол месеци покажува анкетата на Телма која ја спроведе МЦМС на крајот од месец јули. Анкетата покажува драстичен раст во рејтингот во месеците од летово, што пак за аналитичарите е резултат на зголемениот активизам и присутност на терен од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски како и лидерската дебата по која многу работи станаа појасни.

ВМРО- ДПМНЕ на најновата анкета е со 24.0 % рејтинг, што е скок од 3.4% споредено со нивната анкета во месец мај каде ВМРО- ДПМНЕ имаше рејтинг од 20.6 %, додека СДСМ на најновата анкета има рејтинг од 24.4 осто, а на истата анкета во мај имала 25.5 %што е пад за 1.1 %.

ВМРО- ДПМНЕ  има поголема поддршка кај Македонците и води пред СДСМ. За ВМРО- ДПМНЕсе изјасниле 31.2% а за СДСМ 28.3%.

Зголемениот рејтинг на ВМРО- ДПМНЕ и нивниот нагорен тренд е поради зголемениот нивен активизам и присутност на терен, како и поради успешниот Скопски митинг и нивните собири по градовите низ Македонија. Во зголемувањето на рејтингот на ВМРО- ДПМНЕ има удел и успешната лидерска дебата каде што раководството на ВМРО- ДПМНЕ издвојуваше победа.  Отпорноста на првиот човек на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицковски од внатрешни поделби, сопки и фракции имаат свое позитивно влијание во трендот на раст на рејтингот.

Вистинското расположение кај македонските граѓани за Договорот со Грција ќе се види во oктомври, која јавноста ќе биде посензитивна за ова прашање, и кога веќе ќе биде определена, односно луѓето што се изјаснуваат за неопределени во овој момент. Тие луѓе ќе бидат клучни за понатамошниот тренд за раст на рејтингот на ВМРО- ДПМНЕ.