Македонија 19. јуни 2019. / 14:36

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ кај сите граѓани!

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ кај сите граѓани!

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе едно кратко истражување во периодот помеѓу 14 и 16 Јуни 2019 на 1119 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија, со прашање за кого би гласале доколку следната недела се одржат парламентарни избори.

Кај етничките Македонци ВМРО-ДПМНЕ има предност со 27,8% во однос на СДСМ и нивните 22,6%. Додека на ниво на сите етнички заедници, ВМРО-ДПМНЕ има предност со 21,2% во однос на СДСМ кој има 19,5% доверба кај гласачите.