Македонија 24. јуни 2020. / 15:24

Анкета на БИПС: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ во пет изборни единици

Анкета на БИПС: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ во пет изборни единици

ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба кај македонските граѓани, покажа анкетата на Институтот БИПС (Истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи) кој се занимава со анализи и истражувања за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 16.06.2020 – 19.06.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.

ВМРО ДПМНЕ има над три отсто водство, а  во пет изборни единици води ВМРО-ДПМНЕ пред коалицијата СДСМ-БЕСА.  Само во 6-ка, каде мнозинство е албанското насление води СДСМ-БЕСА преку носителот Билал Касами. Во сите ИЕ каде мнозинство се Македонците, убедливо води ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 24,5%, а СДСМ од 21,4%.

Во пет од шест изборни единици, според најновата анкета, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ пред носителот на листа на СДСМ.