Македонија 29. јуни 2019. / 15:55

АНКЕТА: Мицкоски со раст на довербата кај граѓаните за пет пати, за само една година

АНКЕТА: Мицкоски со раст на довербата кај граѓаните за пет пати, за само една година

Според најновата анкета на М-Проспект направена во период од 15 мај до 7 јуни годинава на прашањето во кој политичар граѓаните имаат најголема доверба, секој трети граѓанин се изјаснил со одговорот дека нема доверба во ниту еден политичар.

Додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во истата анкета има раст на рејтингот за една година за цели пет пати.

Па така споредбено лани Мицковски овој период имаше 2,3 проценти, додека во најновата анкета има 11,7 проценти доверба кај граѓаните.

Според истата анкета доколку утре се одржат парламентарни избори секој четврти граѓанин (25%) би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за СДСМ би гласале (23,1%).

Што е уште еден показател за неспособноста на владата предводена од Зоран Заев овие две години откако се на власт.

Во истата анкета за ДУИ би гласале (5,1%), за Алијанса за Албанците (4,2%) и за БЕСА (2,1%).

Споредено со резултатите од пред една година, може да се забележи дека гласовите за СДСМ се намалени (25.5% во 2018), а за ВМРО ДПМНЕ зголемени (20.6% во 2018).

Секој трети етнички Македонец би гласал за ВМРО ДПМНЕ – 34%, додека пак 26.6% би гласале за СДСМ. Од етничките Албанци 10.8% би гласале за СДСМ, 22.6% за ДУИ, 19.3% за АА, 9.8% за БЕСА.

Оваа анкета е уште еден доказ дека „Метлата“ на Заев е неуспешна и дека Владата предводена од него нема резултати во работата.