Македонија 11. ноември 2019. / 21:17

Анѓушев најави затворање на дел од факултетите

Анѓушев најави затворање на дел од факултетите

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев во вечерашното гостување на „Топ Тема“ на Телевизија Телма рече дека образовниот систем не одговара на реланите потреби на економијата и дека загрижувачки е тоа што во државава 90% млади одат на факултет, а во истовреме немаме квалификувани работници.

На прашањето што со лиценците на факултети, кои постојат во голем број во државата, вицепремиерот Анѓушев одговори дека владеењето на правото ќе го доведеме во прашење ако им се одземат лиценците.

Она што го направи оваа влада – не издаваме нови лиценци на нови факултети, туку како ќе им истекуваат лиценците така ќе престанат да постојат – рече Анѓушев.