Македонија 27. февруари 2021. / 14:02

Ангелов: Скандирањето „УЧК“ и каменувањето на полицајците не водат кон помирување

Ангелов: Скандирањето „УЧК“ и каменувањето на полицајците не водат кон помирување

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов повторно реагираше за скандирањата на вчерашниот протест за случајот Монструм и вели дека тие не водат кон помирување.

Тој напиша дека иритира фактот дека вчера се протестираше против судски пресуди со кои за виновни се прогласени убијци и помагачи на убијци на 5 лица од кои 4 деца, без троша сочувство кон семејствата на убиените деца.

– Скандирањето „УЧК“, „Етничка Албанија“, мавтањето со мапи на „Голема Албанија“ како и каменувањето на полицајците кои само си ја вршеа својата работа, за време на вчерашниот протест за Монструм, не одат во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, поради што треба да бидат цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори, реагира Ангелов.

МОНСТРУМ И ПОМИРУВАЊЕ НЕ ОДАТ ЗАЕДНО
Скандирањето “УЧК“, “Етничка Албанија”, мавтањето со мапи на “Голема Албанија“ како…

Posted by Стојанче Ангелов on Saturday, February 27, 2021