Македонија 09. октомври 2018. / 17:56

Ангела Меркел му пиша на Заев: Со вас сум до конечната цел

Ангела Меркел му пиша на Заев: Со вас сум до конечната цел

Договорот од Преспа нуди историска шанса за Македонија и за зајакнување на добрососедските односи, нагласува германската канцеларка Ангела Меркел во писмото до македонскиот премиер Зоран Заев.

На 30 септември огромно мнозинство од над 90% од оние кои учествуваа на референдумот гласаа „за“ Договорот со Грција. Договорот нуди шанса за историски договор и зајакнување на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја отстранува клучната пречка за приближување на земјата кон ЕУ и НАТО.

Сега е клучно да се преземат многу важни чекори за имплементација на Договорот за името со усвојување на неопходните уставни амандмани. Ќе продолжам да соработувам со вас за остварување на оваа цел, наведува Меркел во писмото до Заев, објавено на веб страницата на германската Влада.