Македонија 28. ноември 2020. / 20:50

Ангел Димитров: Ако е сериозен Заев, кажаното треба да влезе во официјален документ

Ангел Димитров: Ако е сериозен Заев, кажаното треба да влезе во официјален документ

Шефот на бугарскиот тим на историчари, Ангел Димитров, во изјава за бугарското национално радио, вели дека за да се земе кажаното на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС како сериозно, треба да има и нешто посериозно, како меѓународно-правен документ.

-Тоа што го кажа Заев треба да биде внесено и во официјален документ во кој јасно ќе се нагласат новите позиции кои што се во согласност со договорот за пријателство и добрососедство,рече Димитров..

Копретседавачот на комисијата вели дека и тие документи треба да бидат усвоени и од македонското собрание, но дека со актуелната политичка конструкција и несигурноста на владејачката структура не е јасно како тоа би се случило.

Димитров е категоричен дека откако заев го направи тој чекор, да признае дека двете земји имаат заедничка историја и дека бугарите не се фашистички окупатор, треба неговата партија да направи напор, чекор напред, а не, како што вели, ова да остане да виси во воздух.

Инаку следниот состанок на заедничката комисија треба да се одржи, следнава недела, на 3 и 4 декември, а ќе биде онлајн поради пандемијата.