Македонија 03. ноември 2019. / 19:07

Андов: Изборите не мора да се одложат за македонското Собрание да го ратификува членството во НАТО

Андов: Изборите не мора да се одложат за македонското Собрание да го ратификува членството во НАТО

Првиот спикер на парламентот на независна Македонија, Стојан Андов ги разби дилемите дали власта има право да ги одложи изборите поради ратификација на протоколот за членство во НАТО.

Откако актуелниот спикер на Собранието Талат Џафери и премиерот Заев започнаа да испраќаат пораки дека поради НАТО е можно одложување на изборите договорени за 12 април се Андов вели дека се работи за политичка манипулација.

Во врска со наводните стравувања на премиерот, дека ако собранието се распушти на 11 февруари, ќе нема кој да го ратификува долго очекуваното членство на Македонија во НАТО, дава долгогодишниот претседател на македонското собрание, Стојан Андов.

Тој во изјава за Алфа вели дека мандатот на пратенците никој не може да им го одземе а тој трае се додека не бидат избрани нови пратеници.

Седница секогаш може да се одржи. Доволно е да има политичка согласност од сите партиии во Собранието, а Владата, или Владата и опозицијата заедно, да достават конкретен предлог за да се свика собраниска седница, вели Стојан Андов кој во телевизиска дебата пред две недели изјави дека огромниот криминал и корупција во која е заглавена Македонија не е можна без дозвола од највисоките кругови на власта.

Изјавата на Андов за Алфа ТВ: