Македонија 20. февруари 2020. / 22:02

Андоновски: За правда протестираше партија што 3 години беше на власт

Андоновски: За правда протестираше партија што 3 години беше на власт

Патетично е партија што е три години на власт и пет години во МВР да протестира за правда, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Правда според мене би било да одговара Заев за она што го направил и високите функционери на СДСМ, а не да ни се случува да имаме условна осуда за градоначалникот во Ново Село, кој што сега е учесник во марихуана бизнисот, којшто знаеме дека е бонбона бизнис за Заев“, рече Андоновски.