Македонија 20. февруари 2020. / 22:34

Андоновски: СДСМ прави „баук“ дека ВМРО е антиалбанска партија

Андоновски: СДСМ прави „баук“ дека ВМРО е антиалбанска партија

ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Патот кон тврди дека СДСМ направила „баук“ кај граѓаните Албанци дека е антиалбанска партија со исклучиво националистички ставови.

Советникот на Мицковски, Стефан Андоновски, вели дека тоа не е точно и оти тие ќе понудат реални, остварливи, проекти со кои ќе се олесни животот на граѓаните Албанци.

„Начинот на носење на Законот за употреба на јазиците и делови од законот се проблематични затоа и инсистиравме да се прати на Венецијанската комисија и потоа тие забелешки да се вметнат. Но, СДСМ донесе закон кој не може да се имплементира во пракса. Албанскиот јазик да го користат во Република Македонија каде има потреба од тоа“, вели Андоновски.