Македонија 17. јануари 2020. / 13:52

Андоновска: Зошто обвинителството два месеци молчи за аферата „Инсулин“?

Андоновска: Зошто обвинителството два месеци молчи за аферата „Инсулин“?

Изминуваат два месеци од обелоденувањето од скандалот „Инсулин“, но ни трага ни глас од институциите, министерот за здравство, Венко Филипче во текот на мандатот ќе остане запаметен само по сомнителните тендери и скандали, реагира Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа вели дека министерот Филипче го призна уништувањето на инсулин со важечки рок на употреба.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека ќе го проверува скандалот, поточно дека „ќе преземе дејствија за проверка на потеклото на лекот и процедурата за уништување на инсулинот”.

– Почитувани, изминуваат два месеци од обелоденување на скандалот, но ни трага ни глас од институциите. Молк во обвинителството! Затоа прашуваме Дали јавното обвинителство презема некакво дејствие во врска со случајот, вели Андоновска.

Андоновска прашува: Доколку ништо не е преземено, која е причината за чување на предметот во фиока?

-Истрагата за случајот Инсулин не смее да заврши со ЌЕ. Народот гледа дека наместо да биде приоритет борбата со криминалот, приоритет на обвинителството е испoлнувањето на политичките нарачки на Заев. Народот на 12 април ќе стави крај на ваквото однесување и ќе следи Обнова на Македонија, истакна таа.