Кој е тој најподготвен систем за вакцинација за кој што изјави министерот Филипче, праша Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, во емисијата Филибастер на радио Лидер.
“ Тоа што ни се случи ( пристигнувањето на вакцините) беше тажно и крајно понижувачки. Правиме спектакл за едно пакетче, тоа не е смешно, што сме добиле ние од вакцините. Тоа не се работи така. Сите земји долго време се подготувуваа и работеа за да набават вакцини. Требаше месеци наназад да беше почната постапката за набавка. Дневно Србија вакцинира 30 илјади луѓе, досега има вакцинирано над 700 000 луѓе. Бугарија вакцинира по 3000 дневно, Словенија 2500 , а ние имаме нула вакцини. Тие немаат грижа и совест за граѓаните, и што добивме наместо 8000 вакцини , добивме пола вакцини, и кој ќе се вакцинира. Срав им е и на докторите да се вакцинираат оти не знаат кога ќе стигне втората доза, изјави Андоновска на радио Лидер.