Македонија 05. ноември 2019. / 20:31

Андонов: Последната лага на Заев е дека трасата од автопатот Кичево – Охрид била погрешена

Андонов: Последната лага на Заев е дека трасата од автопатот Кичево – Охрид била погрешена

Во емисијата „Само вистина“ гостуваше аналитичарот Оливер Андонов кој посочи дека тој на премиерот не му верува.

Јас на премиерот искрено не му верувам. Човекот излажа 100 работи. Последното што го фативме е синоќа дека бил во лага, дека трасата од автопатот Кичево – Охрид била потполно погрешена. Кога синоќа дознавме дека не била воопшто згрешена“, истакна Андонов.

Андонов додаде дека прикаската на СДСМ била само за да земат пари за во нивен џеб.

Мене ми е жал, што Заев конкретно не доведе до таква состојба, односно СДСМ да покажува коруптивна држава, а не држава која е во кондиција, појасни Андонов.

Андонов образложи дека ЕУ знае што се случува во Македонија, а што се обидува „вицкастиот премиер“ да му помине кај македонската јавност не му поминува не само кај македонската јавност, туку и не му поминува ниту кај ЕУ. Заев е фатен во лага.