Македонија 17. јуни 2020. / 12:58

Анализа: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои над 75.000 гласа повеќе од коалицијата на СДСМ и БЕСА

Анализа: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои над 75.000 гласа повеќе од коалицијата на СДСМ и БЕСА

Според најновата анкета што излезе вчера и која беше спроведена од Институтот “Habeas Corpus” кој разработува прашања од правниот и политички систен,  податоците од таа анкетата покажуваат дека 22,5 % од граѓаните одговориле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат парламентарни избори. А коалицијата СДСМ и БЕСА според анкетата би го добила гласот од 20% од нив.

Во албанскиот блок за ДУИ би гласале 6,1 %, додека за Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива гласот би го дале 4,5 % од анкетираните.

Под еден процент поддршка имаат Левица и ДПА, додека одговор немале 15,3 проценти од анкетираните. Тринаесет отсто одговориле дека нема да гласаат за ниту една од наведените партии, додека на ова прашање не сакале да одговорат 18 проценти од анкетираните.

Најпрво да разјасниме неколку работи рејтингот од 20% е заеднички на коалицијата на СДСМ и БЕСА . Нема СДСМ рејтинг од 20% ако се одземе рејтингот на БЕСА кој пред да направи коалиција со СДСМ беше околу 2 до 2,5% значи дека СДСМ нема поголем рејтинг од 17,5% во најдобар случај. И покрај сите предизборни поткупи како платежни картици за домашни производи, ваучери за одмор, инвертори, предизборни вработувања итн.

Но ако се земе предвид дека Македонија има шест изборни единици тогаш гласовите на БЕСА , нема вредат ништо во изборната единица 3 и изборната единица 4 каде не живеат Албанци.  А исто така нема да имаат и некое поголемо значајно влијание и во изборната единица 5 каде доминантен број на гласачи се од македонска ентичка припадност. А гласовите на БЕСА многу нема да помогнат ниту во првата и втората изборна единица каде сепак мнозинството гласачи се Македонци а свои упоришта во делови од овие изборни единици има и ДУИ. Значи освен во шестата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ ќе има значајна предност во сите останати изборни единици.

Интересен податок е тоа што дури 18% од испитаниците од анкетата не сакаат да кажат за кого ќе гласаат на предвремените парламентарни избори на 15 јули. Но историски гледано секогаш овие гласови поголемиот дел од нив оделе на конто на опозицијата а помал дел кај власта. Повеќето од овие луѓе се плашат да го кажат своето мислење во анкетите од страв власта да не им замери или наштети.

Кога ќе се земат сите овие рејтинзи  и параметри очекувано е на парламентарните избори  на 15 јули  ВМРО-ДПМНЕ да освои најмалку 75.000 гласа повеќе од коалицијана на СДСМ и БЕСА. Затоа што освен во шестата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ ќе има значајна предност во сите останати изборни единици.

Дури и во изборната единица еден под која спаѓаат општина Центар и Општина Карпош, кои порано важеа за бастиони на СДСМ. Граѓаните  покажуваат се поголемо разочарување од локалните и централните политики на СДСМ,  со професорката Гордана Сиљановска Давкова,  ВМРО-ДПМНЕ ќе проба да ги освои и овие разочарани гласачи.