Европската комисија во своите Есенските прогнози предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи пад од 4,9 проценти.
Ова е влошување на прогнозата во однос на процените од пролетта оваа година, кога ЕК за македонската економија предвидуваше помал пад на БДП од 3,9 проценти.
Според ЕК, растот на БДП наа Македонија во 2021 година ќе биде 3,8%, а во 2022 година 3,5%.
– Домашната побарувачка, иако е поддржана од владините мерки, останува „пригушена“ и по укинувањето на мерките за ограничување. Остриот пад на дознаките влијае негативно на трошоците на домаќинствата – наведува ЕК во делот на извештајот за Македонија.
Како што се додава, постојат срамежливи знаци дека закрепнува надворешната побарувачка, а растот на приватната потрошувачка и инвестициите се предвидува да се вратат во четвртиот квартал.
Дополнително во извештајот се наведува дека растот на приватната потрошувачка и инвестициите се предвидува дека ќе се вратат во четвртиот квартал, а постојат тн. срамежливи знаци околу тоа дали надворешната побарувачка закрепнува.