Македонија 10. декември 2019. / 14:22

Ана Камчева: Сакаа да направат дека Орце не знае што зборува

Ана Камчева: Сакаа да направат дека Орце не знае што зборува

По излегувањето на мојот сопруг од притвор, еден ден на телефон ми се јави Зоран Милевски и бараше итна, неодложна средба со мене, изјави Ана Камчева на денешното рочиште за случајот „Рекет“.

Таа додаде дека се договориле да се видат во ресторанот „Сушико“.

-Милевски бараше од мене да не сведочам за целиот случај. Ми пренесе дека тој одбил да сведочи и дека тоа немало да го стори ни Дејан Панделевски. Сакаа да излезе дека мојот сопруг Орце Камчев не знае што зборува, рече Камчева.