Македонија 01. февруари 2019. / 19:26

Американски институт ќе го тренира ВМРО-ДПМНЕ за победа на следните избори!

Американски институт ќе го тренира ВМРО-ДПМНЕ за победа на следните избори!

Осумдесетина функционери на ВМРО-ДПМНЕ, наредниот викенд ќе учествуваат на тренинг организиран од НДИ (Национален Демократски Институт) – откри потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неговото денешно гостување во ПресингТВ.

НДИ е една од највлијателните политички организации во САД, поврзана со Демократската Партија. Сшпред Николоски, ако можеме нешто да учиме од историјата ова би значело вовед во победа за ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.

-Веќе следниот викенд се одржува еден многу голем настан, а тоа е таканаречен “team building” – односно почеток на создавање на нова програма на ВМРО-ДПМНЕ и подготвување на организационата структура – организиран од Американскиот институт НДИ (Национален Демократски Институт) и финансиран исто така од нив. – рече Николоски на ПресингТВ.

Потпретседателот на партијата, потенцираше дека последен пат ВМРО-ДПМНЕ имале ваков настан во далечната 2005та, кога биле во опозиција. Тогаш, тренингот бил организиран од германската Конрад Аденауер.

-Во тек на вивикендот, тие три дена, 80 луѓе од партијата, од извршниот комитет, од пратеничката група и останати креатори на политики ќе се собереме цел викенд да издискутираме кои треба да се следните правци на ВМРО-ДПМНЕ и каде треба да се движи. Ова е вонредно значајно затоа што последен пат ова ВМРО-ДПМНЕ го направи претходниот пат кога беше опозиција, 2004-2005 година, тогаш со поддршка на една друга фондација, со помош на германската фондација Конрад Аденауер. Сега одиме со Американската организација НДИ, ако можеме нешто да учиме од историјата ова би значело вовед во победа на следните избори. – рече Николоски.