По апсењата на неколку поранешни команданти на ОНА и нивно спроведување пред судот во Хаг, на социјалната мрежа Фејсбук се огласи лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Ахмети на својот профил напиша:
Војната која ја водеше ОНА беше вистинската војна на албанската нација за слобода и правото на самоопределување, но исто така и за правда и владеење на правото, за демократско и кохезивно општество, ориентирано кон евро-американските вредности. Убеден сум дека моите пријатели, моите колеги борци, ќе сведочат за праведната војна на ОНА и ќе се вратат победнички, а притоа целосно ќе ги почитуваат владеењето на правото, домашната и меѓународната правда. Знам дека јас и моите пријатели, доколку имавме уште еден живот и уште една шанса да се бориме за слобода и еднаквост, ќе го направиме тоа повторно бидејќи веруваме во правата на нашата нација. Сите наши достигнувања овие децении се постигнати заедно со нашите меѓународни пријатели и заедно, почитувајќи ги вредностите прифатени од сите нас, ќе го завршиме нашето патување кон слободата, независноста, правдата и интеграцијата. Владеењето на правото и вистинската неселективна правда се наши цели, и затоа им честитам на косовските лидери што одговорија на правдата на најдостоинствен начин и им посакувам брзо враќање на должностите кои ги чекаат.
Кликнете тука за да го прочитате целиот статус на профилот на Ахмети.