Македонија 19. септември 2018. / 12:46

Ален Ле Роа доаѓа утре во Македонија

Ален Ле Роа доаѓа утре во Македонија

Од утре до 22 септември во Македонија ќе престојува Ален Ле Роа, амбасадор на Франција, пријател на Македонија и специјален претставник на Европската Унија за Македонија во 2001 и 2002 година. Во рамките на својата тогашна мисија, тој ѝ помогна на земјата повторно да ја воспостави меѓуетничката доверба и да го врати својот углед во Европа.

Ле Роа беше исто така генерален секретар на Обединетите нации задолжен за мировни операции, како и генерален секретар на Европската служба за надворешни работи за периодот од јануари 2015 до август 2016 година.

Во неговата агенда се вклучени серија средби со политички претставници, од мнозинството и од опозицијата, при што амбасадорот ќе има можност да разговара во Скопје и во Тетово за перспективите на земјата при успешен референдум, што е услов за Македонија да направи решавачки чекор на својот европски пат.

Франција, стои во известувањето од француската амбасада во Скопје, внимателно ги следи случувањата во Македонија и останува посветена заедно со земјата, во 2018 година, како што беше и во 2001, за да ја придружува на патот на нејзината европска интеграција.