Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска во Владата ќе оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Георг Вуцас.
Средбата следува ден по враќањето на Николоски во земјава, откако тој заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беа во мини дипломатска офанзива – на средби со политичари од Унгарија, Словенија и Хрватска.
Прва средба на пратеникот Николоски како претседател на Националниот совет за евроинтеграции, пред десетина денови, беше со Амбасадорот на Полска, а неколку денови подоцна оствари средба и со амбасадорот на Делегацијата на Европската унија г. Дејвид Гир.
За десетина денови откако од страна на Собранието беше избран за претседател на Националниот совет за евроинтеграции, тело кое ги обединува сите клучни фактори во државата во процесот на евроинтеграции, Александар Николоски оствари средби и со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ како и со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Милан Предан.