Македонија 08. август 2020. / 13:39

Aлександар Николоски: Честитки за големиот јубилеј на „Нова Македонија“, првиот македонски дневен весник

Aлександар Николоски: Честитки за големиот јубилеј на „Нова Македонија“, првиот македонски дневен весник

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ му го честиташе големиот јубилеј на првиот македонски печатен дневен весник, кој со денешното викенд-издание го одбележува излегувањето на 25.000-от број.

Честитки за големиот јубилеј на ,,Нова Македонија” првиот македонски дневен весник. „Нова Македонија” е сведок на создавањето и градењето на македонската држава, на подемите, падовите и повторните подеми на Македонија, сведок на создавањето и на самостојна Република Македонија, весник од кој се информираме секое утро, со кој пораснавме и се надевам ќе остариме.

Честитки за целата редакција на „Нова Македонија”, за сите кои неуморно работат како и за сите генерации кои поминале низ весникот. Уште многу јубилеи!, порача Николоски.

За овој редок јубилеј на првиот македноски весник прочитајте повеќе во „Нова Македонија“.