Откако викендов заврши вонредната состојба, продолжува дијалектичката пресметка во јавноста меѓу двете најголеми партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за тоа кога треба да се одржат изборите дејствија за предвремените парламентарни избори. Одредувањето на изборниот датум е значаен затоа што повлекува многу други процеси, меѓу кои се истакнува офицјалниот почеток на изборната кампања. Доколку изборите се одржат на 5.јули, како што инсистираат од власта, тогаш, согласно роковите, денеска треба да почне изборната кампања, односно 20 дена пред денот на гласањето.
И без договор заодредување на дастум, владата веќе им даде насоки на надлежните институции за продолжување на изборниот процес. Сите такви владини насоки предвидуваат подготовки за избори на 5 јули.
За СДСМ, прифатливи термини се 5 или 8, додека ВМРО-ДПМНЕ инсистира на тоа дека избори може да има само кога ќе има гаранции за изборен процес што нема да го загрозува здравјето на граѓаните, но и избори кои ќе добијат кредибилност со присуство на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Според нив, таква мисија не може да се распореди во Македонија пред средината на јули.
Претседателот на државата Стево Пендаровски во обид да се усогласат ставовите организираше неколку лидерски средби, кои завршија без договор. Пендаровски во петокот во обраќањето до јавноста повика на меѓупартиски консензус за изборите. Порача дека е можно и ново продолжување на вонредната состојба, но само ако има договор меѓу партиите за датумот за избори.
Политичките партии најавија дека кампањата за овие избори ќе биде поразлична поради корона пандемијата и ќе се одвива без митинзи, туку преку медиумите и социјалните мрежи. Досега, само Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива соопштија дека од денеска и официјално ја стартуваат кампањата за предвремените парламентарни избори на 5 јули.